Муцунски се сретна со високиот комесар на ОБСЕ за малцинства, Камп

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кристоф Камп, прва по неговото преземање на оваа функција.

На средбата била нагласена важноста на континуираната соработка и бил истакнат ангажманот на Канцеларијата на Високиот комесар.

- Заеднички констатиравме дека нашата држава доследно ги исполнува обврските содржани во фундаменталните документи на ОБСЕ. Воедно, се осврнавме и на досегашната успешна соработка со Канцеларијата, која обезбедува совети и експертиза за неколку важни проекти, при што изразивме подготвеност за нејзино натамошно унапредување, со цел остварување на заедничката заложба – градење соживот, унапредување на меѓуетничката интеграција и толеранција, како и поттикнување на инклузивно и кохезивно општество, објави Муцунски на фејсбук.

23.04.2025 - 15:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега