Анушиќ: НАТО ќе ја преземе контролата врз воздушниот простор над Хрватска

 


Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

Откако ја презентираше изборната програма на кандидатот на ХДЗ за градоначалник на Осиек, Иван Радиќ, на новинарско прашање кога авионите „Рафал“ што ги набави Хрватска ќе почнат да го чуваат хрватското небо, Анушиќ одговори дека „сите 12 авиони „Рафал“ пристигнаа и целата ескадрила е подготвена“, пишува „Јутарњи.хр“.

-Тие и денес го чуваат хрватското небо, но „воздушната полиција“ ќе ја вршат нашите сојузници од НАТО до крајот на оваа година, најдоцна до почетокот на следната година, кога нашите авиони „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени за задачите што ќе им бидат поставени, а тоа е заштитата на хрватското небо, објасни Анушиќ.

28.04.2025 - 09:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега