Дувнал 2,82 промили алкохол - Македонската полиција фати камен-пијан возач

 

На 28.04.2025 во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод.

При сообраќајна контрола на патот за селото Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”. 

29.04.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега