Цело Валандово и дел од Гевгелија во петок ќе останат без струја
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Валандово“, велат од Електродистрибуција.
Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации:
Цела општина Валандово со околните села
Гевгелиските села: Миравци, Давидово, Габрово и Петрово
30.04.2025 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа