Гужви на граница

 

Утрешниот празник, денот на трудот, но и близината со викендот, создадоа колони возила за излез од државата на граничниот премин Богородица.. Камерите на Јавното претпријатите за државни патишта вечерва покажуваат дека огромен број возила распоредени во четири колони чекаат за влез во Грција.. 

Од Автомотосојузот на Македонија, информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.. 

Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен во пресрет на утрешниот празник кој најверјатно голем дел од граѓаните го спојуваат со претстојниот викенд.. 

30.04.2025 - 21:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега