Манасиевски: Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи

 

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Да го проследиме тоа видео, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи. Да ја погледнеме и таа негова изјава. Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго, рече тој.

Манасиевски посочи дека најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:

-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?

-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?

-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?

-Дали тука станува збор за бизнис?

-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?

-Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше? Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена. Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев. Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција, рече тој.

10.05.2025 - 13:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега