Затекнати на дело: Tетовци со свои кучиња учествувале во борби
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „мачење животни“.
Имено на 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.
13.05.2025 - 15:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа