Запалено службено возило на весникот „Вијести“ во Подгорица

 

Службено возило на весникот „Вијести“ било запалено утринава од непознати напаѓачи  што е уште еден од низата инциденти врз имотот на овој печатен медиум.

Според податоците на црногорската полиција, возилото марка „нисан“ било полеано со бензин и запалено, а во пожарот изгорел предниот дел на автомобилот.

Полицијата извршила увид и во тек е истрага за нападот.

Полицијата и обвинителството се уште не ги решиле и серијата палења на автомобили на истиот медиум во 2011 година, кога во рок од неколку месеци беа запалени четири возила на весникот. 

13.02.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега