ЕК и блокира 192 милиони евра на Бугарија донирани како помош од унијата

 

Поради сомнителни тендери манипулации со средства на Европската унија комисијата повторно замрзна фондови за Бугарија.

Ширин Вилер, портпарол на Директоратот за регионална политика при Комисијата, Брисел замрзнал 192 милиони евра што Бугарија требало да ги добие за оперативна програма во однос на заштита на околината.

“Неделава испративме писмо пред прекинување, со кое ако по два месеци не се реагира, ќе следи одлука за суспензија. Ако прашањата кои ги виде Комисијата во однос на менаџирањето на системот и тендерските процеси не се поправат, Директоратот за регионална политика ќе превземе мерки. Важно е дека бугарската национални ревизорски власти потврдија тоа што ние сме го утврдиле на лице место во земјата, што ја потврдува нашата кредибилност во оценката”  - посочи Вилер.

13.02.2014 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега