Две лица се убиени а седум повредени во оружен судир во Пеќ
Две лица се убиени, а седум повредени во оружен судир во центарот на Пеќ кој се случил вчера додека приштински медиуми пренесуваат дека причината за убиството е крвна одмазда.
Портпаролот на регионалната полиција Ибрај изјави дека еден од убиените е случаен минувач, додека другиот бил вклучен во судирот.
Весникот „Коха диторе“ се повикува на извори кои навеле дека имаат информации оти меѓу учесниците во судирот се членови на семејството на нарко дилерот Насер Кељменди. Како што пренесуваат медиумите, се сомнева дека еден од убиените е Валдет Кељменди со прекар Лара кој најверојатно бил мета на нападот, додека идентитетот на случајниот минувач не се наведува.
Директорот на Регионалната болница во Пеќ Скендер Дрешај потврди дека во болницата се префрлени девет лица, кои се повредени во оружениот судир во близина на хотелот „Гранд“, од кои две починале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа