ВИДЕО: Обреновац целосно под вода- градот како Атлантида

 

Обреновац е целосно поплавен и до сега се евакуирани 2.510 лица, а мостот преку кој се влегува во градот може да се сруши во секој момент. 

Реката Колубара која утринава се излеа ги натерала мештаните на итна евакуација, а постои закана дека мостот на влезот од градот ќе се урне.

Српските медиуми ситуацијата во Обреновац ја опишуваат како драматична и напната. Центарот на грасот е целосно поплавен, а водата во некои делови ги прекрила покривите на куќите. Загрозените жители ги евакуираат војската, пожарникарите и жандармеријата со чамци и хеликоптери.

Се очекува да пристигнат 20-30 руски специјалци, а според последните информации евакуирани се 2.510 лица, а во тек е евакуација на уште 1.400 жители. Поплавени се над 900 објекти, а загрозени се уште 1.388.

16.05.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега