Македонските Тигри цела ноќ летаат над Обреновац

 

Специјалната полициска единица Тигри, заедно со единицте на српската полиција и хеликоптерите на Еулекс, Словенија, Белорусија и Унгарија патролираат цела ноќ над Обреновац. Откако премиерот Вучиќ нареди итна евакуација на градот, македонските специјалци ставени под команда на Србија работат на целосна евакуација на градот. 
Проблем прави дел од населението кое живее во погорните катови од зградите и кое одбива да се евакуира. Сепак, со оглед на тоа дека е можен нов бран поплави, полицијата и војската врши присилна евакуација.
Очевидци за медиумите велат дека бројката на загинати е далеку поголема од онаа што официјално ја соопштува српската влада.

19.05.2014 - 23:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега