Ѓоковиќ: Издржете браќа! Господ нека не чува!
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, продолжи да ги бодри сите граѓани на Србија, Босна и Хрватска кои се погодени од страотните поплави.
- Срцето ми се корне од градите кога ќе видам колку луѓе се загрозени и евакуирани. Во Босна 950.000! Издржете браќа. Господ сите нека не чува, се огласи Новак.
Тој и својата победа и парите кои ги освои на турнирот во неделата ги додели на загрозените со што ја покажа својата хумана страна.
20.05.2014 - 09:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа