Паника во Србија- идентификувани нови жртви од поплавите

 

Нови жртви идентификувани во Србија. Лизгањето на земјиштето и поплавите однесоа човечки животи во Србија, каде граѓаните веќе со денови се без вода, храна и лекови.

Станислава Станковиќ, советничката на претседателот на Србија, изјави дека во Крупањ има човечки жртви и дека кризниот штаб не е доволен за катастрофалната ситуација.

Претседателот Томислав Николиќ го посети ова место.

-Во Крупањ ситуацијата е најтешка затоа што е предалеку, општина е премногу слаба и овде е потребно буквално се, рече тој.

Лизгањето на земјиштето и одронот во овој дел од Србија, се поопасни од самата поплава.

 

 

20.05.2014 - 10:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега