„Болката е голема, заминаа без поздрав" - колегите се простија од девојките кои паднаа во бездна
Тешка сообраќајка се случила во близина на Дромир, на патот Колашинац - Подгорица. Како што јавуваат црногорските медиуми, до несреќата дошло кога Фордот кој го управувала една од загинатите девојки загубил контрола, излетал од патот и паднал во бездната.
Се работи за 26-годишната Милица Станишиќ, 32-годишната Јелена Милосавлевиќ и 26-годишната Драгана Лајовиќ кои слетале во кањонот длабок 150 метри со својот автомобил откако се враќале радосни бидејќи положиле испит.
- Сите сме во шок, не можеме да поверуваме каква трагедија се случи. Згаснаа три млади животи, а нивните семејства останаа без своите чеда. Навистина страшно, велат за српскиот Ало колегите на настраданите девојки кои студирале на Медицинскиот факултет.
Едната од девојките, Милица, зад себе оставила 8-годишна ќеркичка која сама ја одгледувала бидејќи била разведена. Од друга страна, Јелена била омажена и зад себе оставила тригодишно детенце.
Денеска во местата каде живеат е прогласен ден на жалост. Од нив се простија нивните колеги од факултетот.
- Од пред два дена фонтаната на младоста е без три животи. Заминаа без поздрав. Сево ова е многу тешко, изјави продеканот на Медицинскиот факултет.
Како што велат сите нивни колеги, девојките биле вредни, одговорни и исполнителни.
Нека почиваат во мир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа