"Го убив бебето па продолжив да шетам...сите ги убив" - детенце го шокираше Балканот
Учениците од трето одделение во едно училиште во Сараево добиле задача да напишат состав на тема "Јас замислувам...". Писмената на едно од децата, како што пренесува Ekskluziva.ba, дефинитивно го шокираше Балканот.
"Еден ден излегов од дома да прошетам. Сретнав една жена која во количка го возеше своето бебе. Бебето го убив и продолжив да шетам понатаму. Потоа се вратив и ја убив и мајката на детето, да не оставам сведоци. Продолжив мирно да се шетам, па сретнав уште едно бебе. И него го убив. Па уште едно. Сите бебиња ги убив. Потоа дојдов дома и ја здогледав баба ми. Тргнав и неа да ја убијам, но дојдоа моите родители...", напишало детето.
Ученикот напишал дека не успеал да го заврши составот, и го предал на наставничката, а таа откако го прочитала ги викнала педагогот, психологот и неговите родители за да им каже што напишано нивното дете. Откако тие ја советувале да му каже на детето да го доврши составот, тоа напишало: - "Излегов низ прозор за да не ме видат родителите, па ја убив и баба ми. Потоа ги убив и моите родители. На крајот сите ги убив, останав сам на светов".
Детето потоа потенцирало дека само се шегувало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа