Пак се тресе: Нов земјотрес во регионот
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала e регистриран на 380 километри југоисточно од Атина, соопшти aтинскиот Институт за геодинамика.
Епицентарот на потресот бил на пет километри источно од Јерапетра на островот Крит.
Нема информации за настрадани или предизвикана материјална штета
02.06.2014 - 11:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа