Премиерот ја направи „партал“ Дуња Мијатовиќ
Преку отворено писмо, спрскиот премиер Александар Вучиќ жестоко ја напдна претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, по нејзините реакции дека владата во Србија повлекувала текстови од неколку медиуми, меѓу кои и најтиражниот Блиц, како и дека ги цензурирала содржините на новинарите.
„Не сакам да верувам госпоѓо Мијатовиќ, дека информациите сте ти собрале на најнесериозен можен начин, од еден од сајтовите кои вообичаено водат валкана кампања против својата Влада. Не сакам да поверувам дека тоа сте го направиле поради тоа што вам тие лажни информации ви ги давале претставници на т.н. независни институции во Србија, а вие воопшто не сте ги провериле.
Исто така не сакам да веерувам дека го правите ова поради тоа што постои потреба за дисциплинирање на српските лидери и гушење на секоја идеја за слободно и суверено реагирање на Србија во нејзиното надворешно-политичко девлување.
На крај гопоѓо Мијатовиќ, зошто не ги прашавте сопствениците и уредниците на весникот Блиц, дали Владата на Србија, тргнала било што од нивниот портал?“ - пишува меѓу другото Вучиќ во свето отворено писмо кое го објави државната РТС.
На извештаите на Дуња Мијатовиќ во повеќе наврати реагираше и македонската јавност, а во една ситуација и премиерот Груевски преку писмо и се обрати на Мијатовиќ откако таа бараше извршната власт да се замеша во судската.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа