Нов пожар во хотел во ски-центар во Турција: Има загинати

 


Две лица загинаа, а две се повредени кога денеска избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти.

Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 лица.

Хотелот беше затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не беше обновена.

Пожарот е ставен под контрола и покрената е истрага, јави НТВ.

Во јануари најмалку 75 луѓе загинаа во пожар во хотелот Гранд во ски-центарот Карталкаја.

27.03.2025 - 09:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега