Угостител во Струга фатен во кражба на струја - ја оштетил ЕВН за 260.000 денари

 


Полицијата поднесе кривична пријава против угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на фирмата, поради кражба на електрична енергија.

„На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија“, велат од МВР во дневниот полициски билтен.

На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.

13.02.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега