Нови детали - Двајца убиени во скопско Волково

 

Денеска околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

24.03.2025 - 10:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега