Нови дојави за бомби во српските училишта: на родителите им било кажано да не ги носат децата на часови

 

 

Неколку училишта во Србија повторно утрово добија дојави за бомби.

Веднаш биле известени родителите на учениците од училиштата на територијата на белградската општина Раковица да не ги носат децата на училиште, додека полицијата не излезе на терен и не утврди дека се е безбедно.

Меѓу тие училишта е и основното училиште „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Веднаш се било пријавено во полиција, која извршила истрага и утврдила дека дојавата за бомба е лажна.

Според првите информации, тоа не е единственото училиште, закани пристигнале до неколку од нив во оваа белградска општина, а дојава за бомба била упатена и до училиштето во Земун „Гаврило Принцип“.

ТВ Прва наведува дека дојава за бомба има и во Нови Сад.

29.05.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега