ДУИ: Власта целосно го отстрани Европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ

 

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) изрази сериозна загриженост за насоката во која, според нив, Владата ја води државата, оценувајќи дека е неопходно итно политичко преиспитување преку одржување на предвремени парламентарни избори. Во соопштението, ДУИ наведува дека Владата претрпела пораз на сите клучни стратешки приоритети што самата ги дефинирала како државен интерес.

-Во популистичките емотивни настапи, Премиерот не само што ја отфрла можноста за дополнување на Уставот со внесување на неколку малцинства, туку јавно се фали и го посочува како највисок политички успех на земјата изигрувањето серија од „Ерга омнес“ обврскитете кои произлегуваат од Стратешките договор со Грција или Преспанскиот договор. Тоа само укажува дека јавниот притисок што го создаваат изборите целосно ја оттргнаа оваа Влада од Европското досие, или како што самите го нарекоа „Приоритето број еден“. Власта со своите постапки ги прави сите напори за дерогирање на механизмите кои прозлегуваат од Охридскиот рамковен договор, што, пак, претставува сериозно наручување на мултиетничкиот карактер на државата - најсилниот и најважен темел на долгорочната стабилност и просперитет, велат од Мала Речица.

ДУИ предупредува дека со ваквите постапки Владата се оддалечила од „приоритетот број еден“ – интеграцијата во ЕУ, додека истовремено прави напори да ги дерогира механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Партијата смета дека ова претставува сериозно нарушување на мултиетничкиот карактер на државата, кој е основа за долгорочна стабилност и просперитет.

Дополнително, од ДУИ посочуваат дека стагнацијата во евроинтегративниот процес ѝ овозможила на Владата целосно да го зароби правосудниот систем, ставајќи го во функција на лични и партиски интереси. Според нив, Владата демонстрира директно влијание врз Јавното обвинителство и Судската власт, што создава неприродна и неприфатлива состојба во правниот систем.

Од партијата сметаат дека граѓаните сѐ погласно бараат политичко преиспитување на владејачката гарнитура. ДУИ порачува дека државата има потреба од долгорочна политичка стабилност, која може да се обезбеди единствено преку организирање на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Со тоа, велат од партијата, би се отворил простор за политички процес без изборни конфронтации во наредните години, што ќе ѝ овозможи на државата да се врати на европскиот пат заедно со Албанија и Црна Гора.

 

27.04.2025 - 11:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега