Одаловиќ: Курти е темпирана бомба и мора некој да го запре

 

Претседателот на комисијата на Владата на Србија за исчезнати лица, Вељко Одаловиќ смета дека влијанието на институциите на Косово е сè послабо затоа што го игнорирале барањето на Вашингтон да се одложи пререгистрацијата на табличките на Косово.

Одаловиќ смета дека инцидент со дроновите е намера на премиерот Албин Курти да продолжи со провокациите.

„Курти не сака да разговара, се однесува опасно и таков човек не смее да биде премиер. Курти е темпирана бомба и мора некој да го запре“, вели Одаловиќ.

02.11.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега