Откриено како е убиен францускиот брачен пар на Крф: Почнало со физичка пресметка, а завршило со двојно убиство и самоубиство

 

Денеска се случило двојно убиство во Дасија на Крф, кога напаѓачот кој се заканувал дека ќе ги исели, ја убил својата газдарица и нејзиниот сопруг, а потоа извршил самоубиство, соопштила грчката полиција.

Жртвите биле Грк и неговата сопруга, Французинка, двајцата во 60-ти години, кои поминувале време во Грција и Франција, додала полицијата, пренесува „АП“.

Властите биле известени во 11:30, кога полицијата пристигнала на местото на настанот и ги пронашла телата, пренесува грчкиот магазин „Катимерини“.

Според добиените информации, пукал и убил жена околу 11:30 часот претпладне, после жестока пресметка во дворот на нејзината куќа.

Во дворот пукал и го убил и мажот, а потоа наводно се затворил во куќата и си го одземал животот.

07.06.2021 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега