Пандов: Телефонот на Васил Јованов е веднаш одземен – санкции за тие кои му го дале

 

Фотографии со телефон во рака во дворот на притворскито оделение Путка од Васил Јованов кој на партизанска ја усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова се појавија на социјалните мрежи.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен на Васил Јанев.

– Извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон. – изјавил Пандов за Слободен Печат.

01.02.2025 - 20:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега