Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС
Во денешната емисија „Само вистина“ на телевизија Канал 5, гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. Таа зборуваше за лицемерието на СДСМ, за време на интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, и истакна дека нивното присуство и гласање беше само проформа. Панова додаде дека за прв пат во Македонија постои проактивност, транспарентност, и Влада која работи за добробитот на граѓаните.
Панова посочи дека неоправдана е поддршката на СДСМ за интерпелацијата од Левица, каде Левица уште првиот ден обвинуваа за селективност при истрагата, а потпретседателката на СДСМ веднаш потоа одржа прес-конференција. Таа додаде дека СДСМ и Левица воопшто не оставија простор на институциите иако ваква транспарентност до сега во Македонија не се случила, особено од страна на министер за внатрешни работи.
„Беше лицемерно тоа што од една страна седеше Оливер Спасовски, во првиот ред, како координатор на пратеничката група на СДСМ и гласаше за интерпелацијата на Панче Тошковски, а во исто време Панче Тошковски во врска со овој трагичен настан поднел пет кривични пријави од страна на МВР. Со сработени докази, сето тоа што бара самата процедура во МВР, додека во претходните трагедии кои што и се случија на Република Македонија, во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ, Оливер Спасовски не поднел ниту една“, истакна Панова.
Панова објасни дека од страна на СДСМ, само тројца застанаа на собраниската говорница да зборуваат за интерпелацијата, што посочува дека нивното присуство и гласање беше само проформа.
„За прв пат гледаме проактивност, за прв пат гледаме транспарентност за прв пат гледаме дека МВР не се крие, не сокрива докази, а имаме министер кој што не се крие апсолутно од ништо. Излегува секојдневно на прес конференции, дури и излезе ги повика родителите на жртвите кои што беa инсинуиранo повикани да пристигнат дента пред Собранието и тоа од страна на Левица“, заклучи Панова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа