Пензионерите ќе се “офајдат” со 2.500 денари
Мартовските пензии, кои ќе бидат исплатени во април 2025 ќе пораснат за уште 2.500 денари, но колку ќе се покачи минималната плата?
Пензиите фиксно ќе бидат покачени за 2500 денари, но засега нема информации за евентуалното редовно мартовско покачување на минималната плата.
Неодамна беа направени пресметки според Законот според кој минималецот најверојатно ќе порасне од 22.500 на 24.400 денари.
Некои од бизнисмените дадоа предлог минималната плата да биде 31.500 денари, но без покачување на средствата што компаниите ги одвојуваат за придонеси.
19.02.2025 - 19:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа