Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект
Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, граѓани, претставници на бизнис секторот, невладини организации и просветни работници од Аеродром, денеска се сретнаа со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими.
На средбата, тие ги изразија своите мислења, предлози и идеи за подобрување на квалитетот на секојдневието. Зборуваа за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, за кој присутните граѓани изразија голема поддршка, а дадоа и конструктивни предлози за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Аеродром, за стимулирање на младите спортски надежи и зачувување на зелените парковски површини.
Разменети се и конкретни предлози за надминување на проблемот со автошколите кои делови од населбите неосновано ги користат како полигони, како и за преземање на долгорочни решенија со кои ќе се надмине проблемот со загадувањето на воздухот и бездомните кучиња.
Ме радува изразениот интерес кај граѓаните за соработка, што впрочем е и една од целите на нашите посети. Верувам, но и убеден сум дека заедно со нив, Општината, Владата и нас како Министерство, секој во рамки на своите ингеренции, ќе продолжиме да преземаме мерки и чекори за поголем напредок на општината од секој аспект, од кои најголема корист ќе имаат токму граѓаните“, изјави министерот Перински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа