Вонредни претреси во струмичкиот затвор - затворениците останаа без телефони
Управата за извршување санкции информира дека денеска била извршена вонредна контрола во КПУ Затвор Струмица.
Контролата била спроведена од Управата и интервентен вод.
-Направени се претреси по сите спални соби од кои се пронајдени три мобилни телефони од кои 2 со непознат сопственик и еден со познат сопственик, велат од Управата.
Телефоните се одземени и против осудениот ќе биде покренета соодветна дисциплинска одговорност.
07.02.2025 - 20:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа