Пет бугарски пратеници најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ“
Петмината бугарски пратеници, кои вчера најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ“ поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание.
Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавија бугарските медиуми. Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.
Бугарските медиуми јавија дека на Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22 јуни.
Причина најверојатно се потресите во земјава во последните денови и повлекувањето на „Има такви“ од владејачката коалиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа