Петков за опстанокот на Владата: Оптимист сум
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков при влегување во Народното собрание на Бугарија кажа дека е оптимист за опстанокот на Владата.
Петков вели дека е оптимист зашто луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада го тераат да мисли така, а тој исто така одби да даде повеќе детали за денешната расправа.
За да опстане владата на Кирил Петков мора да има 121 глас од 240. Расправите ќе се водат денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нивното завршување во среда навечер или четврток пред пладне.
21.06.2022 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа