Петрушевски: ССМ преповторува тези на СДС
ССМ преповторува тези на СДС, целта им е да го закочат развојот на државата. Ова го вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ви го пренесуваме пресот во целост:
Барањата за субвенционирани придонеси од страна на владата се камен за сопнување смислен од СДС, а реализиран од ССМ, кој е препознаен од народот како манипулација.
Крајниот план на СДС е застој во развојот на државата, а ССМ под палка на Слободан Трендафилов кој одработува за неговата позиција е само алатка.
СДС има за цел преку ССМ да ја закочи државата десетици милиони евра наместо во развој да се трошат на придонеси.
СДС сака да нема нови патишта, болници, училишта, градинки. СДС сака да го запре развојот, кој веќе е воочлив.
СДС не може да се помири со фактот што државата тргна напред, а економскиот раст во последните два квартали од минатата година е над 3%.
СДС се свесни дека со вакво темпо на развој на државата, тие уште толку ќе потонат во заборав, па преку вештачки наметнати теми сакаат да бидат актуелни. И за таа тема го користат ССМ и Трендафилов.
Слободан Трендафилов ја злоупотребува својата позиција во ССМ и го внесува синдикатот во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица.
За претседателското место во ССМ, Трендафилов дебело одработува за СДС. И тој и врвот на СДС се коцкаат со иднината на државата. За среќа на државата, прочитани се и народот не ги есапи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа