Голем број заболени деца во Куманово: Секојдневно се прегледуваат до 100 деца
Од осумдесет до стотина деца од предучилишна и училишна возраст секојдневно се прегледуваат на дневната амбуланта во кумановската општа болница, информираа денеска лекарите од детското одделение. Бројката на заболени деца од грип и респираторни заболувања во Куманово кои се лекуваат на дневна амбуланта не е намалена. Благо намалување, последнава недела има кај хоспитализираните.
-Станува збор за заболени деца со компликации од инфлуенца А, инфлуенцаа Б, со бронхопневмонии, миозитис, воспалени на белите дробови, пневмонија, некои со суперинфекција, миозитис кај поголемите деца. Лабораториски беа утврдени инфлуенца А и инфлуенца Б. Имавме компликации од грип во изминатиот период, прилично беше зголемена бројката на заболени во однос на претходните години, изјави началничката на детското одделение д-р Маргица Арсовска.
Лекарите советуваат заболените деца да не се носат во градинка или на училиште доколку родителите забележат симптоми на грип, малаксаност, температура, кашлање да го остават детето дома, да се хидрира доволно, да се внесува витамини и минерали преку исхрана, повеќе, помалку преку суплементи.
- Најдобро е да се изолираат. Да се проветрува просторијата, изјави Арсовска.
Детското одделение од општа болница Куманово која е најголема општина во државата ги покрива и подрачјето на останатите пет општини од североисточниот плански регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа