Пијани седнале зад волан, ресенчанец и охриѓанец паднаа во рацете на полицијата

 


Ноќеска во 01.23 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е Д.Д.(40) од Ресен. Тој се сомничи дека е сторител на кривичното дело ,,Безобsирно управување моторно возило“, евидентирано од полициските службеници кои тука преземале мерки од областа на безбедноста во сообраќајот и притоа, констатирале дека тој, управувал патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

Два часа подоцна  во 03.10 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се Н.М.(58) и Љ.С.(50), двајцата од Охрид кои, биле агресивни кон полициските службеници кои, тука преземале мерки од областа на безбедноста. При контролата, полициските службеници констатирале дека Љ.С. управувал патничко возило „Мерцедес“ под дејство на алкохол поради што, веднаш е исклучен од сообраќај.

22.02.2025 - 13:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега