По петочниот бојкот прометот на маркетите скокнал за 11%
Во 8 поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава во саботата е регистриран промет од 281.638.578 денари (4,57 милиони евра) , а издадени се вкупно 432.246 фискални сметки, објави „Слободен печат“.
Оттаму информираат и дека претходната сабота, односно на 25 јануари, во ГПРС системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 253.153.676 денари (4,12 милиони евра), а издаден се вкупно 415.156 фискални сметки. Согласно овие податоци може да се види дека оваа сабота прометот е поголем за 11,3% во однос на претходната.
Денот кога македонските граѓани ги бојкотираа продавниците поради високите цени, односно во петокот, во ГПРС системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114.293.367 (1,85 милиони евра) денари и во тој ден издадени се 247.822 фискални сметки. Од овие податоци пак се гледа дека следниот ден по бојкотот, односно во саботата прометот е многу повеќе од двојно зголемен, односно растот е 146,4%.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа