Полицајката што го штитела Беливук пуштена од притвор

 

Поранешната државна секретарка во српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ денеска е пуштена да се брани од слобода, објави „Нова“. Хркаловиќ беше во притвор од 15 октомври годинава.Веста за нејзиното ослободување од притвор ја потврдија нејзините адвокати, Ахмед Делимеѓац и Ненад Тасиќ.

Инаку, Обвинителството за организиран криминал денеска поднесе обвинителен акт против Хркаловиќ поради сомнение дека сторила кривично дело „трговија со влијание“.

Таа се товари за „трговија со влијание“ во случајот со убиството на каратистот Властимир Милошевиќ, но и за незаконското прислушување на Дарко Елез.

Во обвинението што денеска го поднесе Обвинителството за организиран криминал се опфатени и нејзините поранешни соработници – поранешниот шеф на Службата за специјални истражни методи Дејан Миленковиќ, како и поранешниот шеф на новосадската полиција Милорад Шушњиќ. Миленковиќ и Шушњиќ се обвинети за злоупотреба на службената положба.

 

 

10.12.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега