Поранешниот потпретседател на СДСМ: Граѓаните го очекуваа ова од МВР - треба да продолжи
Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, преку својот Фејсбук статус го истакна своето задоволство од актуелните активности на Министерството за внатрешни работи, кои доминираат во вестите на македонските телевизии.
-Вечерва, најголем дел од вестите на сите телевизии отпаѓа на изјави и вести за преземени активности на Министерството за внатрешни работи. Мислам дека тоа е тоа што го очекуваше и за што гласаше огромно мнозинство граѓани во земјава. И ова треба да продолжи, напиша Јовановски.
Со ова, тој даде поддршка на актуелните мерки и потези на МВР, потенцирајќи ја важноста од нивното континуирано спроведување за одговор на очекувањата на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа