Пред да оди во опозиција Груби ја викна грчката амбасадорка на средба: Никој не губи од Преспанскиот договор

 

 

Вицепремиерот Артан Груби пред да ја напушти позицијата ја повика грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду на средба. Како што соопшти преку социјалната мрежа Фејсбук, разговарале за односите меѓу двете држави, но и за Договорите што државата ги има потпишано досега.

-Разговаравме за големото значење на европската перспектива на целиот регион, Охридскиот договор, зајакнувањето на добрососедските односи и почитувањето на Преспанскиот договор, билатерален чин кој отвори ново поглавје на соработка за прогресивна иднина на нашите земји.Никој не изгуби од тој договор, го затворивме повеќегодишниот спор и денеска заедно сме дел од НАТО. Ја известив амбасадорката Филипиду за цврстиот став на Европскиот фронт земјата да го продолжи нејзиниот чекор кон Европа, вели Груби.

27.05.2024 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега