Приведен крадец од Куманово
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16:10 часот во Куманово, го лишиле од слобода кумановецот Л.Ш.(26).
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека на 10 март 2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.
Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
12.03.2025 - 11:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа