Приведен Ного, познат по теориите за убиствата на Панче и Вања
Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата на претходна постапка да му одреди мерка притвор на осомничениот Срѓан Ного за да се спречи во краток рок да го повтори кривичното дело.
Срѓан Ного беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик.
Постојат основи за сомневање дека Срѓан Ного ги повикувал граѓаните да убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи.
Ного во македонската јавност стана познат кога минатата година на својот Јутуб канал објави снимки и теории за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевски. Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар е наместен од страна на полицијата. Според Ного, Александар, а не полицијата практично открил кој ја киднапирал Вања. Ного меѓу првите објави и снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа