Професор од Штип искинал хамери на деца кои оддавале почит на починатите во Кочани
Граѓаните жестоко реагираат на социјалните мрежи поради постапката на еден од професорите во штипската гимназија „Славчо Стоименски“. Според нивните објави, професорот ги искинал хамерите со кои учениците сакале да оддадат почит на трагично загинатите во Кочани.
Иако професорот Дејан Илијевски на својот Фејсбук профил ги негира ваквите тврдења, коментарите под неговата објава сведочат за големо незадоволство и осуда од страна на јавноста.
Многумина сметаат дека на младите треба да им се дозволи слободно да ја изразат својата почит и сочувство кон жртвите, без разлика на околностите.
19.03.2025 - 20:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа