Пронајдени остатоците од авионот што се урна во Хрватска
По повеќе од седум часа потрага пронајдени се остатоците на малиот авион кој исчезна од радарот во Хрватска.
Како што пишува „Индекс“, остатоците од леталото биле пронајдени во шумската областна планината Капела во Личко.
Шефот на потрагата, Јосо Живковиќ, не можеше да потврди дали покрај пронајдените делови од авионот се пронајдени и жртвите, бидејќи истрагата допрва почнува и засега е обезбедено подрачјето на местото на несреќата.
Авионот го нашле спасувачите на теренот, по покрената акција во која учествуваа 120 лица.
На местото на настанот се очекува да излезе истражител.
20.05.2023 - 21:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа