Пропадна обидот за договор меѓу Приштина и Белград
Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни.
– Не беше постигнат договор за табличките или враќањето на Србите во институциите, бидејќи медиумите во Приштина се обидуваат да ја шират таа пропаганда, а пренесоа некои белградски медиуми.
Станува збор за најобична дезинформација и дистрибуција на лажни вести со цел Приштина да се обиде да ја отстрани одговорноста за прекршување на сите договори, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија.
Да потсетиме, уште во октомври Владата на Косово донесе одлука дека од 1 до 21 ноември Србите кои не ги пререгистрирале возилата со таблички „РКС“ ќе добијат опомена, додека мерката парична казна ќе важи до 21 јануари, кога дефинитивно ќе се поништат „старите“ регистрации.
На овој начин Курти одби да го прифати барањето на САД и на претставниците на државите Квинте, кои побараа да се одложи одлуката за 10 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа