„Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на „Алумина“ за 18 милиони евра
Нафтената компанија „Пуцко Петрол купила земјиште од околу 42 илјади метри квадратни, на кое се наоѓаше поранешната фабрика „Алумина“, објави Фактор.
Како што дознава Фактор, за ова земјишпте компанијата платила 18 милиони евра, но со платените даноци и другите давачки, всушност оваа зделка ја чинела компанијата околу 24 милиони евра.
Веста за оваа зделка за Фактор ја потврди и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, кој истакна дека во време на глобална пандемија компанијата ќе инвестира дома.
Од „Пуцко петрол“ засега не откриваат премногу детали за тоа што ќе се гради на ова земјиште, но не се исклучува дека ќе има станбени згради и деловен простор. Негираат дека ќе се изгради бензинска станица на земјиштето, иако тоа е основната дејност на компанијата.
Според Јахоски, инвестицијата која би се случила на овој простор, се проценува на 150 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа