САД бараат екстрадиција на српски програмери обвинети за милионска измама

 

Европскиот суд за човекови права и даде рок на Србија до 4 септември да одлучи за случајот со групата од 10 програмери од Ниш, осомничени од САД за дигитална измама вредна повеќе од 70 милиони американски долари и бара нивна екстрадиција, објави денеска Радио Слободна Европа.

 

Во февруари 2019 година, српскиот парламент усвои билатерален договор со САД за екстрадиција, што овозможува екстрадиција на нејзините државјани кои се обвинети за кривични дела казниви со затвор повеќе од една година.

 

Во исто време, Србија е должна да ги спроведе пресудите на Европскиот суд, кој бара од Србија да обезбеди информации поврзани со потенцијалната екстрадиција.

Во изјава за РСЕ адвокатот на програмерите, Милан Петровиќ објасни дека Европскиот суд побарал од Србија да му достави информации во врска со можната екстрадиција на 10 програмери од Ниш во САД до 4 септември.

Петровиќ тврди дека судот во Стразбур треба да одлучи и да советува дали осомничените програмери треба да бидат екстрадирани на американското судство или да им се суди во Србија.

Адвокатот наведува дека Европскиот суд барал одговори на прашања поврзани со условите на кои би биле изложени неговите клиенти доколку бидат екстрадирани во Соединетите држави, од сместување до третман поврзан со санитарни услови во пандемија.

20.08.2021 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега