Се огласи Груевски: Заев ги кратеше парите за народот ама за бифтеци ги зајакна

 
"Земјите со поспособни влади во регионот го превземаа, СДСМ со Заев ги укина. “Бесплатна бања за пензионери” беше максимално искористено и за разлика од некои други земји во регионот беше за сите пензионери без оглед на висината на пензијата. Го укинаа во 2019 година, бидејќи “потсетувало на Груевски”.
 
Ова на својот Фејсбук профил го напиша поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.
 
- Вeројатно заради истото ги укинаа и бесплатните летувања и зимување на деца без родителска грижа и единствено ги оставија само таквите за деца од социјално ранливи семејства. Го укинаа и додатокот за трето и четврто дете. Пари за пензионерите и за децата без родители немаше, на нив се кратеше. За семејства со три или четири деца исто така. Ама за бифтеци се зајакна, напиша тој.
 
- Така, пензионерите и децата без родителска грижа сега седат дома и сонуваат бања или одмор, но тој што им ги укина, од некогашен ситен лихвар и продавач на пазар во Горни Милановац, подоцна трговец со идентитет на цел еден народ, сега неказнет и убеден дека така ќе остане засекогаш, троши милиони проневерени евра низ Емиратите, Сингапур, Индија, Малезија, Грција…ги инвестира парите од рекетот и од провизиите направени во Македонија во недвижности низ Азија, во трговија со железо од Русија и во други бизниси, авансно има платено на многу места да не биде спомнуван и вознемируван на било каков начин и таа жицата македонска да не му ја гибате ако може, напиша Груевски на својот Фејсбук.

12.02.2025 - 10:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега