Силен земјотрес го погоди Крит - тлото се тресело дури 20 секунди

 

Според првите проценки земјотресот бил со магнитуда од 6,3 степени, а епицентарот бил околу 120 километри од најголемиот град Ираклион.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека Крит бил погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени.

Земјотресот го погодил најголемиот грчки остров во 11;24 часот.

На Твитер страницата на ЕМСЦ корисниците навеле дека тресењето траело дури 20 секунди и дека земјотресот се почувствувал и во Египет и во Италија.

Грчките медиуми пренесуваат дека вознемирените граѓани на Ираклион излегле на улица.

Локалците велат дека вака силен земјотрес одамна не почувствувале.

12.10.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега