Силен земјотрес ја потресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Грција во 17.06 часот, пренесе ЕМСЦ.
Епицентарот бил на длабочина од 38 километри и 15 километри јужно од градот Аигло и 28 километри југоисточно од градот Патра, а се уште нема информации за евентуална штета.
Ова е само еден од низата земјотреси забележани во регионот, откако пред два дена беше регистриран земјотрес од 4,5 степени во близина на грчкиот град Лариса.
03.06.2021 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа