Силен земјотрес ја стресе БиХ, се почувствува и во Хрватска
Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина. Според првите информации, магнитудата била 4,8 степени, пишува EMSC.
Епицентарот бил на 24 километри од Мостар и 10 километри од Широки Брег.
„ Се почувствува и кај нас“ јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.
Засега нема информации за евентуални штети или повредени.
30.06.2022 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа